Спорт // Спорт
Пандев ќе игра уште една сезона со Парма
Горан Пандев најверојатно ќе игра уште една сезона, поранешниот капитен на македонската репрезентација според неговиот агент ќе настапува за Парма и во новиот шампионат.
„Мое лично мислење е дека Пандев може многу да направи за тимот. Тој сака да продолжи да игра, многу е мотивиран, би било убаво да биде во целиот проект. Неговата желба е да ја врати Парма во Серија А“ рече менаџерот Леонардо Корси.
Пандев има 38 години, освои сè што можеше да се освои во кариерата, сега сака со Парма да игра уште една сезона и покрај објавата дека по завршувањето на оваа сезона, ќе оди во пензија.