Паника на крстарење, луѓе врескат: Што е ова, мегалодон? (ВИДЕО)

Фото: ТикТок

Не е истребен вид и предок на големата бела ајкула, ова е ајкула Баскинг, втор по големина вид риба по кит ајкулата, кој е безопасен за луѓето и се храни со планктон. Може да порасне и до 11 метри

Огромна ајкула кружеше околу крузерот и ги запрепасти туристите кои врескаа од страв.

- О, што е ова, мегалодон?! - коментираат некои патници.

Музичарот Алекс Албрехт го сподели видеото на ТикТок, а истото го погледнаа над 30 милиони луѓе.


На снимката се гледа како ајкула кружи по површината на Атлантскиот океан, близу Ирска и Велика Британија, додека туристите брзаат кон палубата за да ја видат сцената.


Многумина се прашуваа дали станува збор за мегалодон, вид ајкула што изумре пред 23 милиони години и може да порасне до 18 метри. 

Но, ова не е истребен вид и предок на големата бела ајкула, ова е ајкулата Баскинг, вториот по големина вид риба по ајкулата од кит, кој е безопасен за луѓето и се храни со планктон. Најголемите познати примероци биле долги 11 метри и тежеле над четири и пол тони.


Видео: ТикТок и Youtube