ПАНОРАМА ХОТЕЛ И СПА: Идеален избор за корпоративни настани и тим билдинг

Сместен веднаш над Kрушево, во убавата природа на Бушева планина, Панорама Хотел и Спа нуди идеални можности за корпоративни настани и тим билдинг искуства.

Хотелот располага со конференциска сала со капацитет за 50 лица, како и со ВИП соба за деловни состаноци, ресторан со меѓународна и традиционална кујна, и останати содржини кои го прават идеална опција за организирање конференции, семинари, обуки, советувања, тим билдинг, промоции и други деловни настани.

Панорама Хотел и Спа има 20 соби и апартмани од кои 12 двокреветни, 2 трокреветни и 6 апартмани, сите со панорамски поглед кон Крушево. Спа центарот е oпремен со хидраулични лежалки, џакузи, топли лежалки и финска сауна. Базенот е затворен со стаклен покрив и нуди панорамска глетка кон градот. Хотелот има и сопственa теретана.

Освен хотелот и градот има многу што да им понуди на посетителите со својата богата историја, уникатната архитектура и традиоциналната кујна.

Над градот се протега крушевската корија со преубави пејзажи идеални за прошетки и рекреација. До нив може да се стигне и по новоизграден пат, како и со жичарницата која поаѓа од центарот на градот и води до ски терените.

Веднаш до скијачата патека ќе го најдете адреналинскиот парк на Panorama All Seasons Adventure. Паркот нуди уникатна можност да го развивате и зацврстите тимскиот дух во вашата команија со адреналинска возбуда на 3000 квадратни метри.

Дизајниран од меѓународни експерти и изграден според европски безбедносни протоколи, паркот располага со содржини за рекреација во секое годишно доба: роуп лајн, зип лајн, гоу карт триколки, велосипедски патеки, карпа за искачување, терен за баскет. 

Надополнете го тоа со возење со квадрицикли и ќе добиете тим билдинг искуство какво што нема да најдете на друго место.

На располагање се и велосипеди и е-велосипеди, како и JEEP возило за офф-роуд авантури. Паркот нуди и возење со амфибија за група од 12 лица кои можат да си понесат кафе, чај и вкусна храна од АЛТО лаунџ барот до врвот Мусица каде што ги чека неверојатен поглед на Пелагонија, Солунска глава, Пелистер и Кораб.

Повеќе детали за организација на корпоративни настани и тим билдинг и контакт информации може да најдете на страната на Панорама Хотел и Спа..

*пр објава