Тренд // Стил
Парфемот кој е инспириран од машко, кадифено палто: Eau de Cedre на Армани
- 04 Април, 2022
Парфемот Eau de Cedre е создаден за врвно заведување, оваа неодолива комбинација на мириси ги комбинира екстремните поларитети на дрвенестиот мирис со пенлив бергамот, чист лимон и свежи виолетови листови.
Композицијата на парфемот Eau de Cedre е инспирирана од мирисот на машката кадифена јакна, нежна и елегантна. Карактеристичниот мирис на едицијата Eau de Cedre ја пренесува мекоста на кадифениот материјал, а составот започнува со масло од лимон и италијански бергамот. Елегантното и препознатливо шише е направено од темно зелено стакло кое го опишува зелениот кедар.
Парфем кој можете да го користите во речиси сите ситуации, нема да остави никого рамнодушен, бидете сигурни!