Тренд // Стил
Парфемот No Limit$ од Philipp Plein: За силниот маж не постојат граници
No Limit$ од Philipp Plein е луксузен, неодолив, привлечен и заводлив машки парфем. неговото име посочува дека за силниот маж не постојат граници и дека во овој парфем можат да се пронајдат оние со изострен стил.
No Limit$ се отвора со ноти на црн пипер, морска вода, звезден анасон, каранфилче, кардамон, цимет, ѓумбир и бергамот. Во срцето на овој атрактивен, шармантен, привлечен и сензуален парфем се чоколадото, бурбонот од ванила, темјанот и килибарот, додека основата на парфемот се состои од мешавина од дрвени ноти, кожа, агар дрво, пачули и кедар.