Parfois отвора нова продавница во East Gate Mall: Португалскиот моден бренд го најавува новото отворање во Скопје

Модниот бренд Parfois пристигна во Македонија во 2013 – тата година, а денеска е присутен на пазарот на пет различни локации. Познатиот бренд го зајакнува своето присуство во земјата со отворање на нова продавница на површина од 104 м2, во новоотворениот трговски центар East Gate Mall. Отворањето на новата продавница ќе се случи овој петок, 29-ти октомври, а на самиот настан клиентите ќе можат да ги погледнат новите колекции од брендот.

Посветен на тоа секогаш да им го понуди најдоброто шопинг искуство на клиентите, концептот на новата продавница претставува еден поширок и посветол дизајн што ги истакнува производите на брендот, почнувајќи од модните додатоци и накитот, па сè до облеката и чевлите.

Новата колекција

Во новата продавница на брендот ќе имате можност ексклузивно да ги погледнете сите парчиња од новата есен-зима 2021 колекција на брендот. Оваа сезона, оттаму предлагаат забава, колорит и впечатливи парчиња што ќе ги носиме како воздигнување на самите себе. Инспирацијата доаѓа од различни места, почнувајќи од уличната мода, влијанието на спортските парчиња или 2000 – тата.

Боите и дезените играат клучна улога во колекцијата на брендот, почнувајќи од удобни и релаксирани парчиња облека, па сè до впечатлив накит како совршен предлог за студените денови пред нас. Употребата на различни текстури кај чантите, нуди можност да ги комбинирате со секое парче, без разлика дали се работи за спортски модели или класични парчиња со модерен твист.

Селекцијата на модни додатоци како марами, чизми или очила за сонце, сосема совршено го заокружуваат вашиот изглед.

За Parfois

Приказната на Parfois започнува во 1994 – тата година во Порто, а денеска, брендот има повеќе од 1.000 продавници на околу 70 различни пазари вклучувајќи ги Франција, Италија, Португалија, Шпанија, Мексико и Саудиска Арабија.

Посветени на трендовите и барањата на клиентите, колекциите на Parfois претставуваат вистински баланс помеѓу модата и животниот стил, секогаш потенцирајќи ја вредноста на брендот и обновувајќи ги колекциите во секоја продавница еднаш неделно со сосема нови парчиња.

ПР објава