ПАРИ, НЕРВОЗИ И НЕВЕРУВАЊЕ: ВИКЕНД ХОРОСКОП
ОВЕН
Викендот не е поволен за потпишување на важни документи.. Можете да очекувате некои мали недоразбирања на полето за работа. Во љубовта ќе ви одговара флертот со една личност, но се уште не сте подготвени за нешто поконкретно. Очекувајте изненадување од личност за која немате баш некое добро мислење. Иненадувањето ќе биде позитивно.
БИК
Немате некои поголеми промени на деловниот план во текот на викендот. Се ќе се одвида како и досега, мирно и без стрес. Во љубовта можно е да ви пречи љубомората која ќе ја покаже партнерот. Ама нешто ќе тргне на добро. Очекувајте промена која ќе ви го покаже вистинскиот пат за понатаму.
БЛИЗНАЦИ
Пријатно сте изненадени со позитивните промени кои сте ги воочиле на своето работно место. Пред вас е добар викенд. Во љубовта ви одговара вниманието кое го добивате, а за слободните- ви се ближи почеток на врска со нова личност. Имате многу скриени тајни. една од нив внимавајте да не се разоткрие...
РАК
Можно е викендов да им се посветите на ситните обврски кои требаше да ги завршите пред извесно време. Во љубовта покажете му на партнерот како се чувствате и кажете му дека ви е важно да го сочувате вашиот брак. Слободните припадници или оние што се во врска ги чека изненадување. А, за сите припадници на овој знак важи да се чуваат од озборувања викендов.
ЛАВ
Одлично настапувате и немате дилеми кога станува збор за деловното поле. Пред вас е викенд во кој ќе бидете многу активни. Во љубовта нема назнаки за големи промени на полето за емоции. Ама има назнаки за промена на вашите финасии. Ве чека кое ќе ве помести од место.
ДЕВИЦА
Можно е да ви се пружи прилика за соработка со странство, која би била многу поволна за вашата работа. Во љубовта ќе бидете многу шармантни и привлчени за личностите од спротивниот пол. Ама внимателно со вашите скриени намери! Не правете нешто за кое после ќе зажалите.
ВАГАСами донесувате важни одлуки поврзани за работата и се трудите никого да не оптеретувате со своите дилеми и проблеми. Во љубовта викендов ќе сакате да ги покажете сите чувства кон партнерот. Сепак, едно нешто одамна ве мачи. Дали е време викендов конечно да најдете решение и да ставите крај?
ШКОРПИЈА
Сметате дека постојат некои работи кои морате да ги разјасните со своите надредени и нема да се откажете се додека не ја постигнете својата цел. Во љубовта најверојатно нема да можете доволно да се опуштите. Претераната акомулирана нервоза во вас ви прави неверојатен немир. Толку многу ли сакате да се нервирате и да си го нарушите здравјето?
СТРЕЛЕЦ
Можно е во текот на викендот да немате можност да дојдете до потребните информции за деловното поле. Во љубовта можете да очекувате многу интересен викенд и некое ново познанство кое во вас ќе пробуди желба за романтика. Бидете претпазливи! Една личност која не ви мисли добро ќе се обиде да внесе немир кај вас. Немојте да дозволите да ве изманипулира!
ЈАРЕЦ
Време е да преземете контрола над својата работа и животот. Само вие можете да покренете некои промени. Импулсивно реагирате и немате такт кога станува збор за љубовното поле. А така импулсивни ќе бидете и викендов. Постојано ќе се расправате, без да знаете дека една личност веќе подолго време е повредена од вашите постапки. Намалете малку!
ВОДОЛИЈА
Можно е на некого да му дадете совети или помош, имате многу позитивни искуства во помагањето на другите. Односот со партнерот не е сјаен и не сте сосема задоволни од тоа. И викендов нема да бидете задоволни... Па како да ви се угоди? Бидете среќни со тоа што го имате и поминете си убав викенд. Вие самите сте си двигатели на вашиот живот и постапки.
РИБИ
Можно е да ве очекува многу напорен викенд во кој ќе имате многу деловни обврски. Во љубовта ќе бидете позитивно изненадени од предлогот од страна на една интересна и шармантна личност. Но, викендов, вашата изразена интуиција ќе насети нешто од кое ќе се исплашите. Посебно од личност која ја сметате за блиска.