Истражување на британскиот Кембриџ универзитет потврдува дека парите ја купуваат среќата.
Тие сметаат дека кога парите се трошат за купување на работи прилагодени на личноста на потрошувачот, тогаш среќата е реален исход.
Според истражувањето, среќата е поголема кога се купува нешто долгорочно, кога се трошат пари за патување, културна надградба, посета на некој настан, а помалку се среќни луѓето кога купуваат храна, облека или козметика.
Истражувачите велат дека парите ги задоволуваат психолошките потреби на луѓето.
Но, и покрај ова, едно е сигурно! Парите можат да го олеснат животот, но не и да го купат!