Снимките направени од „Mount Hua“ одземаат здив поради импозантната висина на планината.
Оваа света планина со висина од 2.160 метри, во провинцијата Шанкси е вистинско место за оние кои сакаат авантури. Таа е опкружена со дрвени плочи, преку кои туристите се искачуваат до самиот врв, каде ги очекува неверојатен поглед.
Сепак, оваа патека се смета за најопасна во светот и само еден погрешен чекор може да доведе до смрт. Пред стотина години, оваа патека ја користеле монаси, а денес повеќе служи како туристичка атракција.
Според податоците на УНЕСКО, на ова место има 300 камени табли и 750 духовни ракописи, кои датираат од пред 1. 000 години.