Патничко осигурување за цела година, по промотивна цена

Осигурително-брокерската компанија Iute safeнуди одлична можност за сите оние кои веќе ја имаат испланирано патувачката рута во следнава година, само со едно патничко осигурување, без повеќекратни трошоци и дополнителни пополнувања на формулари, да си обезбедат безгрижни денови и покритие на сите годишни патувања.

Продолжува важноста на специјалното патничко осигурување преку Iute Safe, кое за износ од промотивни 1.332 денари обезбедува покритие 365 дена во годината, за вкупен престој од 90 дена во странство, а по цена идентична како за 30 дена, без франшиза и со овозоможена 24/7 асистенција за помош.

Пакетот може да се прошири сo дополнителни 338 денари, за осигурување и на багаж и надомест за загуба на патни документи.

Дополнително, во сите пакети е вклученa услуга на асистентската куќа Coris assistance и директно плаќање на трошоците во болница, во случај на итна медицинска помош.

Полисата за патничко осигурување е со валидност 1 година, додека специјалната промоција е активна до 21.02.

Искористете ја оваа прилика и патувајте безгрижно цела година без разлика дали одите на викенд или на годишен одмор.

За сите дополнителни информации и понуда, погледнете тука.

---

Iute Safe е дел од мултинационалната естонска групација Iute Group AS - една од најбрзо-растечките компании во Европа, под чијашто капа работи и Iute Macedonia, како посредник за осигурителни полиси во сите класи на осигурување, вклучувајќи не-животно и животно осигурување.

Целта на Iute Safe е да обезбеди најдобри понуди за осигурување на пазарот, преку стратешки партнерства со реномирани и докажани осигурителни компании, развиена продажна мрежа, персонализиран пристап и конкурентни цени. Како дел од групацијата, со веќе докажан кредибилитет, Iute Safe нуди на пазарот еден нов свеж модел и пристап кон клиентите, потпирајќи се на интернационална докажана експертиза и локален искусен тим од докажани професионалци во областа.

ПР објава