Патувате? Не заборавајте го најважното! 5 Причини зошто ви треба патничко осигурување за безгрижно лето со MintIns Осигурителен брокер

Со почетокот на летото започнуваат и летните патувања, но дали знаете како да се заштитите кога сте надвор од земјата? Одговорот е патничко осигурување! Патничкото осигурување е неодделив елемент од секое патување, без разлика дали одите на краток викенд или подолго летување.
Во Mint Ins, веруваме дека вистинската сигурност започнува уште пред да тргнете на пат. Затоа Ви нудиме полиса која Ве штити Вас, Вашето здравје и Вашиот багаж, каде и да се наоѓате во светот.
Што е патничко осигурување?
Патничкото осигурување е вид на осигурување што покрива различни трошоци и ризици поврзани со патување, како што се медицински итни случаи, изгубен багаж, откажани летови или несреќни случаи. Оваа полиса може да биде еднократна (за едно патување) или годишна (за повеќе патувања во текот на годината).
Осигурувањето е наменето да Ви помогне да ги надминете неочекуваните ситуации без дополнителни финансиски и емоционални оптоварувања. Со полиса за осигурување од Mint Ins, добивате целосна поддршка во било кој дел од светот, 24/7.
Mint Ins – Зошто Ви треба патничко осигурување?
Иако многумина веруваат дека нема да им се случи непосакуван настан на патување, реалноста често не става во неочекувани ситуации. Во таквите непредвидливи моменти важно е да сте заштитени, ова е токму она што Ви го нуди Mint Ins патничкото осигурување.
Еве неколку од најважните причини зошто Ви треба осигурување кога патувате:
1. Медицински трошоци во странство
Најчеста причина за користење патничко осигурување е потребата од медицинска помош. Здравствените услуги во странство можат да бидат екстремно високи, посебно ако нема договор меѓу државите. Со патничкото осигурување од Mint Ins, трошоците за лекарски преглед, хоспитализација, и лекови се покриени.
2. Загуба или оштета на багаж
Патувањето понекогаш значи изгубен или оштетен багаж. Со патничкото осигурување добивате надомест за вредните работи што ги носите со себе. Mint Ins Ви овозможува пддршка додека да се реши проблемот.
3. Откажани летови и доцнење
Ситуации како лоши временски услови или технички проблеми можат да доведат до откажување или доцнење на летот. Патничкото осигурување покрива трошоци за сместување, храна или алтернативен транспорт.
4. Повреда или несреќа
Никој не планира несреќи, но тие се случуваат. Без разлика дали сте на пливање или едноставно шетате во нова земја, Mint Ins патничкото осигурување Ве покрива и во вакви ситуации.
5. Поддршка 24/7 каде и да сте
Кога аплицирате за патничка осигурителна полиса од Mint Ins, Вие добивате партнер кој е секогаш достапен за Вас. Нашиот тим е секогаш тука за Вас, без разлика на времето или локацијата.
Кога Ви е најмногу потребно патничко осигурување?
Додека патничкото осигурување е неопходно кога патувате во странство, тоа е посебно корисно во следните ситуации:
· При патување со деца ви треба семејно патничко осигурување
· Доколку планирате авантуристички активности (планинарење, нуркање, итн.)
· За службени патувања
· При групни аранжмани
Што сѐ може да покрива Вашата Mint Ins осигурителна полиса?
Во зависност од Вашата избрана Mint Ins осигурителна полиса за патување, таа може да вклучува:
· Медицинска помош и хоспитализација (лекарски прегледи, лекови, итни интервенции, и транспорт до болница)
· Враќање во земјата поради медицински причини
· Конмпензација за изгубен, оштетен, или украден багаж
· Помош при загуба или кражба на документи
· Откажани аранжмани или авионски билети
Аплицирајте за Mint Ins патничко осигурување онлајн
· Брза и ефикасна услуга: Сѐ завршуваме онлајн (нашата веб-страна или преку Mint App) брзо и лесно.
· Искуство и експертиза: Ние сме докажан осигурителен брокер на пазарот со долгогодишно искуство.
· Персонализирани понуди: Понудите ги креираме според Вашето патување (локација, траење, активности.)
· Асистенција на штети во странство: Партнерство со Интер Доместик за 24/7 поддршка насекаде.
Изберете Mint Ins – најдобро патничко осигурување!
Без оглед на тоа дали патувате често или повремено, патничкото осигурување е Вашата безбедносна мрежа. Преку Mint Ins, добивате не само полиса, туку и доверлив партнер кој е со Вас и кога се случуваат непредвидени ситуации. Осигурајте го Вашето следно патување, со најдоброто патничко осигурување.
Контактирајте нѐ на телефон 15 107, емаил info@mintins.mk, или посетете не во најблиската филијала до Вас.
*ПР објава