Тренд // Стил
Peek&Cloppenburg и Sportina влегуваат во Македонија: И други светски трговски ланци имале интерес за влез во земјава, еве кои
Познатиот трговски ланец Peek&Cloppenburg како и словенечката групација Sportina имаат интерес за влез во нашата земја, пишува порталот Фактор. Порталот има потврда за преговорите кои овие компании ги водат со менаџментот на трговските центри во земјава, но оттаму тврделе дека со оглед на тоа што договарањата се доверливи посебни детали не може да откријат.
Македонскиот пазар за овие брендови бил интересен со оглед на тоа што, статистички до пред кризата предизвикана од Пандемијата на Ковид -19 има раст на внатрешната трговија во земјава, особено во делот на продажба на стока за широка потрошувачка.
Во 2019 година растот на трговијата во земјава се зголеми за 11,5 проценти во однос на претходната година.