Пејачот Владо Георгиев не јаде веќе 9 дена: Што му се случува?
Пејачот Владо Георгиев ги шокираше своите следбеници на мрежата Икс со објавата дека одлучил да се придржува до најстрогиот пост – целосно без внесување храна, за да го активира процесот на автофагија.
Георгиев пред девет дена откри дека започнува предизвик да се воздржува од храна на подолг временски период.
– Повторно гладување и автофагија, без храна во следниот период, ќе видиме колку. Се надевам на што подолго, но и 100 часа се веќе голема работа за организмот – напиша Георгиев.
Во меѓувреме, пејачот редовно ги информира своите следбеници за својот напредок, а денеска сподели дека успешно влегол во 201. час без храна или повеќе од осум дена целосен пост. Неговата следна цел, како што вели, е 216 часа.
– Засега чувствувам феноменален, неверојатен баланс без никакво чувство на глад. Ова од срце го препорачувам на сите кои имаат сила за одлука – напиша Георгиев на платформата Икс.
Станува збор за диета попозната како автофагија, процес во кој телото ги користи сопствените ресурси за енергија во текот на долготрајниот пост, елиминирајќи ги токсините и топејќи ги масните наслаги.
Во текот на овој режим на исхрана, е забрането внесување на каква било храна, но дозволено е консумирање вода, чаеви и природни сокови без калории. За да се активира процесот на автофагија, потребно е да не се внесуваат калории најмалку 12 до 16 часа.
Георгиев, очигледно, оваа гранива далеку ја надминал, а неговите обожаватели внимателно следат како неговиот експеримент ќе тече понатаму.