Перо Антиќ со кошаркарската легенда Скоти Пипен: Единствениот играч кој освоил НБА титула и олимписки златен медал во иста година двапати
Поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ, а актуелен директор на КФМ, објави фотографија со кошаркарската легенда Скоти Пипен.
„Со легендата Скоти Пипен“, напиша Антиќ.
„Играчишта“, „Легендата и Скоти Пипен“, се само дел од коментарите на фотографијата.
Скоти Морис Пипен Сениор одигра 17 сезони во Националната кошаркарска асоцијација (НБА), освојувајќи шест шампионски титули во НБА со Чикаго Булс. Пипен се смета за еден од најголемите мали напаѓачи на сите времиња. Тој одигра важна улога во трансформирањето на Булс во шампионски тим и популаризацијата на НБА низ светот во текот на 1990-тите.
Пипен е единствениот НБА играч кој освоил НБА титула и олимписки златен медал во иста година двапати, откако го направил тоа и во 1992 и 1996 година.
Фото: Инстаграм