Пет совети: Како да ѝ овозможите на девојката оргазам од 60 секунди

За разлика од мажите, жените многу потешко се задоволуваат сексуално. Ние ќе ви помогнеме на вашата поубава половина да ѝ овозможите незаборавно искуство.

Женскиот оргазам е дефинитивно мистерија која ги мачи сите мажи ширум светот. Додека машката популација брзо се задоволува за време на сексот, кај жените работата е малку поинаква. Женскиот оргазам е многу потешко да се постигне од машкиот, но затоа трае многу подолго и има многу поголемо влијание врз телото. Колку подолг е оргазмот, толку е подобро сексуалното задоволство, па затоа мора да се потрудиме на нашите дами да им пружиме максимално задоволство. Оргазмот е врв на секое сексуално искуство, па ако сакате да ја задоволите вашата поубава половина, ќе ви дадеме неколку совети.

1. Комплименти

Успешен женски оргазам се постигнува со добра предигра. Затоа, мора да се обидете да ја опуштите партнерката и да ја натерате да се чувствува добро пред сексуалниот чин. Се разбира, комплиментите се на прво место. Комплиментирајте го изгледот, мирисот и убавината на вашата партнерка и таа многу брзо ќе се опушти. На овој начин дополнително ќе ја возбудите атмосферата, па и сексот ќе биде подобар.

2. Зборувајте валкано

Повеќето девојки сакаат малку „валкани муабети“. Ваквиот разговор ја подига сексуалната напнатост и ги возбудува двајцата партнери. Обидете се да не претерувате и да не бидете премногу вулгарни, бидејќи на тој начин можете да создадете спротивен ефект. Зборувајќи валкано дополнително ќе ја возбудите партнерката, па таа полесно ќе доживее оргазам.

3. Задевајте ја

Кога доволно ќе ги разгори страстите, почнете со нежно допирање, но правете мали паузи. Задевањето со вашата партнерка само ќе ја зголеми нејзината сексуална желба. Кога ќе забележите дека вашиот план функционира, а партнерката станува нетрпелива, зафркајте ја уште малку. Таа наскоро ќе пукне од желба.

4. Претворете ја вашата соба во хотелски апартман

Друга одлична работа која ќе ви помогне да ја опуштите вашата поубава половина е атмосферата. Спалните соби често знаат да бидат здодевни и тоа понекогаш може да го намали сексуалното искуство. Погрижете се да ја декорирате вашата соба со убави покривки, миризливи свеќи и убаво осветлување. Може да помогнат и ароматичните масла.

5. Интересен секс со многу допирање

Откако ќе ја опуштите партнерката и ќе ја натерате да се чувствува привлечно и убаво, време е за секс. Обидете се да бидете креативни и интересни. Користете различни секс пози кои ќе додадат повеќе жар на вашиот оган. Допирањето е можеби најважното нешто доколку сакате на вашата поубава половина да ѝ пружите долготраен оргазам. Користете ги рацете и бидете интересни. Променете ги местата на допирање и наскоро вашата девојка ќе биде задоволна.

Доколку се потрудите и доволно ја возбудите и опуштите вашата поубава половина, таа ќе ужива во прекрасно оргазмично искуство кое може да трае и до 60 секунди.


Фото: unsplash