Петриња и пред катастрофалниот земјотрес беше како да го здрмал силен потрес

Трагично и жално!!!

Ќе бидат потребни месеци и месеци за да се утврди вкупната штета предизвикана од разорниот земјотрес што ја погоди Банија- Хрватска, доколку некогаш се утврди. Центарот на Петриња беше скоро целосно уништен, а ситуацијата во Глина не е ништо подобра.

„Државата заборави на Петриња скоро истиот ден кога беше ослободен во војната. Добар дел од недвижниот имот кој претрпе најмногу во земјотресот е во државна сопственост “, рече жител за некогаш ветувачкиот индустриски град и зградите кои пред земјотресот беа во исклучително лоша состојба.

Фотографиите болно сведочат за тоа. Тие беа снимени во 2016 година во центатот на Петриња и Глина и укажуваат на степенот до кој овие два града биле запоставени по војната. Зградите и фасадите од фотографиите изгледаат како да веќе преживеале силен земјотрес, а тоа се истите згради кои беа најмногу оштетени во земјотресот и чии фотографии со тага ги гледате деновиве. 

Еве како изгледаа Петриња и Глина пред земјотресот

(ФОТО: Даниел Летица / Lupiga.Com)