Петриња после земјотресот: Апокалиптични сцени снимени од небо
Земјата и тлото се тресат и по разорниот земјотрес!!!
Беспилотни воздушни летала од разузнавачкиот полк беа ангажирани во рамките на посветената организација на вооружените сили на Република Хрватска за да им помогнат на погодените области во санацијата на штетата од земјотресот во Пертиња. Силината на овој земјотрес беше 6.2 според Европската макро сеизмичка скала. Однесе жртви и направи неороценлива материјална штета.
Хрватската влада прогласи состојба на природна катастрофа за два окрузи погодени од разорниот земјотрес, што предизвика огромна штета, изјави денеска премиерот Андреј Пленковиќ.
Инаку, градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, најави пред неколку дена дека ќе ѝ врати 30 милиони куни (околу 4 милиони евра) помош на државата затоа што смета дека критериумите за распределување на парите не биле нивото на штета од земјотресот и бројот на луѓе за кои треба да се згрижат, туку политичката припадност, наведува Јутарњи слист.
„Ако владата сака да им помогне на луѓето од Петриња, нека ни испратат помош директно, врз основа на експертска проценка“, изјавил Думбовиќ.
„Политичката сила и мускулите се чувствуваат на секој чекор. Помош им се дистрибуира и на оние на кои им треба и оние на кои не им треба. Петриња има 24.000 жители, а Глина нема повеќе од 2.000, а со околните села 9.000. Ако од 100 милиони куни дадете 30 милиони на Петриња, а 25 милиони на Глина, тогаш некој треба да ми објасни според кој критериум се поделени, ако не според политичкиот“, рекол Думбовиќ.