Петте надобри фудбалски дефанзивци на сите времиња

Фудбалерот на Милан и италијанска икона Паоло Малдини е прогласен за најдобар одбранбен играч во историјата на фудбалот, според последното гласање на љубителите на овој спорт ...

Малдини играше во Серија А повеќе од дваесет и пет години и освои многу на клупско ниво, вклучувајќи седум титули во домашното првенство и пет трофеи во Лигата на шампионите. Дефанзивецот успеа да ја прилагоди својата игра на левиот бек, како и на централната дефанзивна позиција во текот на три различни децении.

Оваа легенда се повлече од меѓународната сцена по Светското првенство во 2002 година, а доколку останеше уште четири години, во својата голема галерија ќе го додадеше и Мундијалот. Сите љубители на фудбалот од thetoptens.com сметаат дека Малдини дефинитивно бил до првото место, но во исто време имал и многу силна конкуренција.

А, после него, ова се другите најдобри на сите времиња:

Франц Бекенбауер

Џон Тери

Карлес Пујол

Немања Видиќ

И секако- Паоло Малдини