Петтиот по ред турнир на голферите од Македонија ќе се одржи на 8ми и 9ти Септември, во резортот Porto Karas
Оваа година на 8ми и 9ти Септември, во резортот Porto Karas во Халкидики, Грција, ќе се одржи петтиот по ред турнир на голферите од Македонија. Турнирот е во рамките на годишните активности на Голф Федерацијата на Македонија и согласно правилата, ќе се бодува за националната аматерска голферска лига.
Годинава се очекуваат пријават учество Македонските голфери од клубовите Скопје, Охрид и други градови во земјата, како и други учесници од балканските држави и клубови. Турнирот е отворен за сите заинтересирани и секој може да се пријави до 7ми Септември.
За победниците се очекуваат вредни награди, како пехари за првото, второто и третото место, како и многу други награди за учество.
"Голфот е спорт кој уште повеќе се развива во Македонија и нашите очекувања се дека младите ќе го прифатат како игра што ја задоволува нивните спортски предизвици , како и дека сè повеќе млади и нови членови се заинтересирани за играње голф", изјавија од организацискиот одбор на Нова Голф клуб и Пунто Верде голф клубот, кој е организатор на турнирот.
ПР објава