Пие оцет, јаде кромид, лук: Покажа како изгледа губење на чувството за вкус поради коронавирус (ВИДЕО)

Најчудниот симптом на вирусот

Меѓу симптомите што се појавуваат по инфекција со коронавирус е губењето на чувството за мирис и вкус. Како изгледа тоа чувство без мирис и вкус, покажа на „ТикТок“ 30-годишниот келнер и актерот во подем Расел Донели. Пред неколку дена, му беше дијагностициран ковид-19.

"Единствениот симптом што го имам е губење на мирис и вкус. Сè друго е во ред", рече тој за „Базфид“.


„Вториот бран не е шега, имав среќа, искрено“, рече тој.

Додека е во изолација, Расел се забавува снимајќи видео запис за „ТикТок“, а еден има собрано дури 13 милиони прегледи.

"Мојот пријател не веруваше дека не чувствувам вкус, па ми рече да изедам ужасно нешто. Се согласив", рече Расел.

@rustardlikemustard

Covid taste testing. This is the craziest sensation. ##covid19 ##fyp ##MyHobby ##fineart

♬ original sound - rustardlikemustard

"Кромидот го почувствував во синусите, но претежно ништо посебно. Пастата од лук беше полесна. Ставав сок од лимон во устата неколку пати, почувствував дека се стега во устата, но немаше вкус. Телото очигледно реагираше хемиски, но пупките за вкус ми се исклучени “, рече тој.

Тој продолжи да прави снимки во кои пие сок од портокал откако ги миеше забите и гризеше стар кромид и пиеше оцет и лимон.


Фото: Инстаграм

Видео: ТикТок

Можеби ќе ве интересира:

Главната цел на коронавирусот воопшто не се белите дробови?