Пиел 6 енергетски пијалаци на ден: Објави фотографија на која се гледа како буквално тоа му го јаде јазикот
Кога ќе се умориме, честопати посегнуваме по енергетски пијалаци за да ги наполниме батериите. Иако ни помагаат да останеме будни и полни со енергија, енергетските пијалаци го уништуваат нашето здравје повеќекратно.
Шолјата кафе е задолжителна за голем број возрасни, а некои повеќе сакаат денот да го започнат со шолја чај и појадок. Енергетскиот пијалак може да ве разбуди, но има и многу негативни здравствени ефекти.
Тие можат да доведат до предозирање со кофеин, а со тоа и до гадење, висок крвен притисок и смрт. Високото ниво на кофеин доведува и до намалување на инсулинската резистенција, а со тоа и до дијабетес тип 2. Стоматолозите исто така предупредуваат дека големи количини на шеќер и киселина во енергетските пијалаци можат да ги оштетат забите.
Дан Ројалс потекнува од Австралија и моментално живее во Азија каде работи како учител. Тој од прва рака знае колку се опасни енергетските пијалаци. Порано пиел од 5 до 6 енергетски пијалаци за да го помине денот. Потоа забележал дека на јазикот му се појавиле плускавци и дека кожата му се лупи. Исплашен отишол кај забар.
Стоматологот му открил дека му е оштетен јазикот поради големиот внес на енергетски пијалаци. Состојките од енергетските пијалаци, особено аминокиселините, витамин Б, шеќер и растителни компоненти буквално го јаделе неговото месо. За да спречи други луѓе да експериментираат и да имаат последици слични на неговите, тој објави предупредување софотографија од неговиот јазик на Фејсбук.
Заедно со сликата тој напиша:
- Кој пие енергетски пијалаци? Тој е зависен од нив? Можеби треба да размислите повторно… До скоро пиев 5-6 енергетски пијалаци на ден поради недостаток на енергија за да ги учам децата. Секој ден мијам заби, отидов на лекар и БУМ! Открив дека хемикалиите од овие пијалаци се виновни за ова… Тие буквално ми го јадеа јазикот, напиша тој. Иако признава дека пуши цигари, тој инсистира дека нема никаква врска со ова и дека енергетските пијалаци се виновни за сè.
Фото: PIxabay/Фејсбук
Moжеби ќе ве интересира:
Лук, натопен во црвено вино: Нема да верувате што се лекува овој рецепт!