Пиење алкохол- до животен век подолг за 7 години: Но, тоа не значи да се опивате до бесознание
Научниците утврдиле дека три здрави навики како непушење, одржување на нормална тежина и умереното пиење на алкохол можат да го продолжат животниот век за 7 години.
Истражувањето, објавено во Health Affairs покажало дека тие дополнителни години се најчесто поминати во добро здравје.
Научници од Универзитетот во Мичиген и Институтот Макс Пленк, за демографски истражувања во Германија анализирале податоци на повеќе од 14.000 Американци, од 40 до 89 години, следејќи го нивното здравје и начин на живот секои две години.
Вкупно, мажите и жените во истражувањето имале очекуван животен век од 77.7 и 81.4 години. Но, луѓето кои никогаш не пушеле и имале индекс на телесна тежина помал од 30 (праг за дебелина), обично живеат четири до пет години подолго од општата популација.
Кога научниците ја вклучиле и консумацијата на алкохол, откриле дека оние кои умерено пијат – помалку од 14 пијалаци неделно за мажи и седум за жени, живееле седум години подолго од општата популација.