Пиете вода во погрешно време и количество: Кардиолозите децидни
Пијте што повеќе вода!", Читаме во речиси секоја статија поврзана со здрав начин на живот и исхрана. Но кардиолозите имаат сосема различно мислење - прекумерната употреба на вода создава дополнителна тежина врз бубрезите и нема никаква корист за телото.
Како е правилно да се пие вода?
Секој човек е различен. Затоа и потребите од вода се различни за секој еден од нас. Авторитетен медицински сајт WebMD објави напис во кој се собрани советите и мислењата на водечките светски кардиолози. Тие потсетуваат за 6 класични совети за прием на вода и една универзална и многу точна формула. Количеството течност потребно на ден може лесно да се пресмета еве вака:
(Тежината * 0,03) + (Времето на физичка активност во часови * 0,4) = литри вода - за жени
(Тежината * 0,04) + (Времето на физичка активност во часови * 0,6) = литри вода - за мажи
Ако страдате од срцево заболување или имате проблеми со бубрезите, треба дополнително да се консултирате со вашиот лекар.
Но главното прашање - како и во кое време да се пие вода, лекарите советуваат да ги следите овие неколку едноставни правила
1. Пијте 1-2 чаши вода веднаш по будењето. Во текот на ноќта нашето тело дехидрира, па има потреба од течност. Дали водата ќе биде чиста, дали ќе е со лимон, мед или нешто друго - сето тоа е прашање на личен избор.
2. Пред секој оброк е пожелно да се пие по 200 мл вода. Ова ќе придонесе за забрзување на метаболизмот.
3. Ако пиете кафе или чај, треба да надоместите секоја една чаша кафе или чај со чаша вода.
4. Да се пие за време на оброк? Лекарите не се согласуваат. Некои сметаат дека тоа е штетно, бидејќи водата го разредува желудочниот сок. Други велат дека таа е контраиндицирана само за луѓе со ниска киселост на желудникот.
5. За време на Високоинтензивните вежби е потребно на секои 20 минути да се пијат 150 мл вода (волуменот на една обична пластична чаша).
6. Вечер и во текот на ноќта е подобро да не се пие вода, особено од луѓе кои имаат бубрежни заболувања.