Пијана проститутка го надмина дури и Тајсон: Скокнала, му го одгризала увото и веднаш го проголтала...
На полицијата ги удирала додека се
обидувала да избега. Таа е приведена и против неа е покренато обвинение. За
овој напад има неколку сведоци, соопшти локалната полиција
Каника Камтон (25), сексуална работничка во Патаја, ќе заврши долго зад решетки поради напад на 55-годишен турист, пишуваат британските медиуми.
Пијаната Каника скокнала во еден од отворените автобуси кои се движат низ секс центарот на Тајланд (велат и светот) и му одгризала дел од увото на еден маж. Патниците во автобусот биле шокирани, кутриот турист врескал, а Каника голтнала дел од увото, а потоа се обидела да го нокаутира полицаецот кој скокнал да му помогне на патникот. Нејзиниот план за бегство не успеал. На крајот биле потребни неколку полицајци за да ја задржат пијаната проститутка.
- Таа го удрила полицаецот додека се обидувала да побегне. Таа е приведена и против неа е покренато обвинение. За овој напад има неколку сведоци - соопшти локалната полиција.
Камтон не сакала или не можела да ги објасни своите постапки по отрезнувањето.
Нејзиниот луд чин многумина ги потсети на Мајк Тајсон во борбата со Евандер Холифилд, но тој барем не проголта ни парче од увото.
Фото: Youtube -screenshoot-колаж