„Планина“ во мртво кревање: Дигна 501 кг. и го собори светскиот рекорд

Ѕвездата на популарната серија Игра на тронови, Хафтор Џулиус Бјорнсон, познат и како The Mountain- Панината, го собори рекордот за кревање тегови – поконкретно во мртво дигање- deadlift.

Исланѓанецот крена неверојатни 501 килограм оваа сабота, соборувајќи го рекордот поставен од британецот Еди Хол. Тој крена точно 500 килограми во 2016 година.

Бјорнсон во тој момент се емитуваше во живо на својот Јутуб канал, а пред да постави нов рекорд, креваше тегови од 420 и 465 килограми.


Триесетгодишниот Хафтор победи на натпреварот за најсилен човек во светот во 2018 година. Исланѓанецот беше втор во 2016 и 2017 година, а трет во светот минатата година.