Пластично одморалиште: Вештачки пловечки остров на Брегот на Слоновата Коска
L'île Flottante,
преведен од Floating Island, е остров направен од 200 тони ѓубре и е пример за
зелен туризам.
Овој остров, во кој има хотел, ресторан, караоке бар и два базени, е многу посетен, а дел од енергијата на островот се произведува од соларни панели.
„Кога станува збор за овој концепт, супер е што ние го претвораме пластичното загадување во нешто позитивно“, вели Ерик Бекер за неговиот пловечки остров.
Бекер сака да го промовира зелениот туризам и се надева дека неговиот концепт ќе ги инспирира другите претприемачи на сличен чин. Островот моментално тежи 200 тони и е изграден во лагуна затоа што, објаснува Бекер, плитката вода е подобра за концептот.
Сите објекти на овој остров имаат електрична енергија од соларна енергија и добиваат свежа вода од копното затоа што лагуната е во близина на Абиџан, најголемиот град во брегот на Слоновата Коска. Една ноќ на оваа одморалиште ќе ве чини 100 долари.
Сепак, Бекер смета дека Пловечкиот остров сè уште не е совршен. Иако се повеќе еколошки од стандардните хотели, гостите сепак оставаат отпад и канализацијата редовно се испушта во лагуната, како што е случајот и на други места во Абиџан. Затоа Бекер ја тестира технологијата за претворање на отпадот во компост за растенија, пренесува Klix.ba.