ПЛАТА 1200 ЕВРА, КИРИЈА 15 ЕВРА: Никогаш нема да претпоставите во кој град ова е можно!

Градот Мариналеда во Шпанија е место каде голем број луѓе би посакале да живеат и работат бидејќи просечната плата е 1200 евра, а киријата е само 15!

Брзањето за доселување е огромно, а речиси се воведени и редови за чекање, кои се долги и до две и пол години.

Голем број луѓе сакаат да си обезбедат себе си и на своите семејства одговарачко место за живот, каде ќе биде обезбедена и добро платена работа .

Во Мариналеда мометално живеат околу 27000 жители, на површина од 25 квадратни километри и дефинитивно е едно од најпопуларните места за живот.

Досега се изградени околу 350 куќи, а следната година би требало да се изградат уште 250. Просечната плата изнесува 1200 евра а киријата 15. Во моментот нема ниту едно лице без работен однос.

Инаку, жителите на Мариналеда не се плашат да ги искажат своите политилки уверувања. Наместо блескави реклами  и брендови - улична уметност во облик на графити со пораки на поддршка и солидарност со земјите како Куба и Венецуела. Улиците ги носат имињата на славните борци за работнички права како што се Федерико Гарсија Лорка и Пабло Неруда.

Додека остатокот на Шпанија се бори со домашната олигархија и странски банки кои ја преземале земјата, одлуките во овој град се донесуваат директно на демократски пат на неделни состаноци кои обично ги посетуваат околу 300-400 луѓе. Додека невработеноста во Шпанија достигнала стапка од 27 одсто во Мариналеда е остварена речиси полна вработеност.