Спорт // Спорт
ПМФЛ - 11 коло: Работнички ја предизвикува Шкендија
Денес се играат четири средби од 11 коло во ПМФЛ, дерби на денот е дуелот во Скопје, Работнички го пречекува тимот на Шекендија.
Шкендија е втора на табелата и го брка лидерот Струга која утре гостува кај Шкупи.
Работнички три меча во низа не знае за пораз, има две победи и една нерешена, сака три бода од дуелот со тетовци.
Главен судија ќе биде Стојанче Стојанов од Штип, а ќе му помагаат Даниел Василевски (Скопје) и Мартин Петковски (Куманово). Четврти судија е Димитар Пилешков (Штип).
Сабота - 14 часот:
Работнички - Шкендија
Македонија ЃП -Скопје
Брегалница - Силекс
Победа - Академија Пандев
Утре - 14 часот:
Шкупи - Струга ТЛ