ПМФЛ - 28 КОЛО: Брегалница ја пречекува Шкендија

Со натпреварот во Штип, Брегалница - Шкендија, започнуваат возбудувањата од 28 коло во прволигашката конкуренција.

Бодовната разлика меѓу двете екипи е десет во корист на Шкендија која се бори за шампионска титула со Струга, лидерот во ова коло е слободен.

Оваа средба, и сите останати од 28 коло се играат во термин од 16 часот.

Сабота: 

Брегалница- Шкендија

Недела:

Скопје -Академија Пандев 

Силекс - Македонија ЃП

Тиквеш - Шкупи

Победа -Работнички

Струга ТЛ слободна во ова коло.