ПМФЛ-26 коло: Скопје го предизвикува лидерот Струга

Денеска се игра комплетното 26 коло во ПМФЛ, екипата на Шкендија е слободна.

Скопје на „Железарница“ го пречекува лидерот Струга ТЛ без право на грешка.

Струга ТЛ сака три бода за да се зацврсти на првата позиција на табелата додека Скопје се бори за опстанок и секој меч е квалификациски за нив.

Сите средби почнуваат од 15 часот.

26 КОЛО:

Скопје – Струга ТЛ

Брегалница-Македонија ЃП

Тиквеш – Силекс

Победа – Шкупи

Академија Пандев – Работнички