ПМФЛ-5КОЛО: Дерби со Струга, лидерот го пречекува вториот на табелата Силекс

Денес се играат средбите од 5-то коло во ПМФЛ, лидерот Струга кој има максимален ефект, го пречекува второпласираниот тим на Силекс.

Струга има четири победи од четири средби, Силекс на второто место има 9 бода.

Шкендија гостува на Тиквеш, во Струмица, Академија Пандев го прчекува тимот на Скопје.

Шампионот Шкупи се среќава со Победа која во претходното коло беше слободна, додека Македонија во Ѓорче Петров го пречекува Работнички.

Сите средби се играат од 16 часот.

Двојки:

Струга - Силекс

Шкупи - Победа

Академија Пандев - Скопје

Македонија ЃП - Работнички

Тиквеш - Шкендија