ПМФЛ: Академија Пандев денес го потврдува пласманот во Европа, гостува Работнички во Струмица

Две дерби средби се играат денес во рамки на 32 коло во ПМФЛ, во Тетотово, бившиот и новиот шампион на мегдан, Шкендија го пречекува Шкупи, додека во Струмица, Академија Пандев го пречекува Работнички.

Оваа средба која ќе може да ја гледате низ директен пренос на Спортклуб 3, е веројатно најважната за Академија Пандев сезонава, со победа против Работнички, тимот од Струмица на коло до крајот ќе обезбеди сигурен пласман во квалфикациите за Европа Конференциската лига.

Академија Пандев е втора на табелата, има 61 бода, Шкендија е трета со 59, Македонија ЃП е на третото место со 57 бода.


Натпреварите од претоследното коло се играат од 17 часот:

Академија Пандев - Работнички

Шкендија - Шкупи

Македонија ЃП - Струга

Брегалница -Тиквеш

Пелистер  - Борец 

Ренова -Скопје