ПМФЛ: Брегалница фаворит на гостувањето кај Скопје

Денес се игра последниот натпревар од 8 коло во ПМФЛ, екипата на Скопје ја пречекува Брегалница од Штип.

Скопје е последен на табелата со само една победа, пет порази и ниту еден нерешен резултат.

Брегaлница во Скопје ќе допатува со 10 бода, од три победи, еден нерешен резултат и два порази, и важи за фаворит на средбата која започнува од 15 часот.

ПМФЛ- 8 коло:

Скопје – Брегалница

Вчера:

Шкендија – Шкупи 0-0

Академија Пандев – Македонија ЃП 0-1

Работнички – Победа 1-0

Струга ТЛ – Тиквеш 2-0