ПМФЛ: Дерби во Струмица, Академија Пандев ја пречекува Брегалница, во Кратово се враќа прволигашки фудбал
Денес ќе се одиграат две средби од првото коло во ПМФЛ, во Струмица се среќаваат Академија Пандев и Брегалница, додека во Кратово, Силекс го пречекува Работнички.
Академија Пандев и Брегалница го играат дербито на колот, екипата од Струмица со нов состав и многу измени во стартните единаесет ја пречекува засилената Брегалница.
Средбата започнува од 17-30 часот, во истиот термин во Кратово Силекс кој се врати во ПМФЛ го пречекува Работнички.
Работнички со нов тренер во името на Љупчо Марковски – Калц гостува кај поранешниот шампион на Македонија.
„Работевме напорно во изминатиот период и верувам дека сме добро подготвени за почетокот на новата сезона во Првата фудбалска лига. Се надевам дека ќе прикажеме добра игра и ќе оствариме поволен резултат. Имаме максимален респект за противникот, но секако веруваме и во нашите квалитети“, вели шефот на стручниот штаб, Љупчо Марковски.
Средбата во Струмица ќе биде емитувана на Спортклуб 2 низ директен пренос, додека натпреварот од Кратово на МТВ.
Преостанати два натпревари од 1. коло ќе се одиграат:
ФК Шкендија - ФК Скопје, 17.08.2022 (среда), 17:00 часот
ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци - ФК Шкупи 1927 07.09.2022 (среда), 16:00 часот
Слободен во 1. коло од Прва МФЛ: ФК Македонија Ѓ.П. 1932