Спорт // Спорт
ПМФЛ: Две средби денес, Шкендија го пречекува Работнички, новиот шампион гостува кај Брегалница
Со натпреварите во Тетово и Штип, денес започнуваат возбудувањата во 30 коло во ПМФЛ.
Шкендија го пречекува тимот на Работнички, ова е еден од поинтересните дуели викендов во 30-та рунда, сега веќе поранешниот првак на Македонија има обврска да оди на победа.
Тетовчани се третото место со 56 бода, три помалку од нив има Македонија ЃП, победата е императив за Шкендија против Работнички кој нема резултатски притисок.
Брегалница е сигурна на 5-то место, во Штип доаѓа новиот шампион Шкупи, тоае мотив за домашниот тим.
Двојки 30 коло, сабота:
Шкендија – Работнички (17-00 ч.)
Брегалница – Шкупи (17-00 ч.)
Недела:
Македонија ЃП – Академија Пандев (17-00 ч.)
Пелистер-Тиквеш (17-00 ч.)
Ренова – Струга ТЛ (17-00 ч.)
Борец – Скопје (17-00 ч.)