ПМФЛ-ФОТО: Македонија ЃП ја запре победничката серија на Струга ТЛ

Македонија ЃП и Струга одиграа нерешено 1-1, премиерен меч од 9 коло во ПМФЛ.

Стружани поведоа во Ѓорче Петров со голот на Буњамин Шабани во 62 минута. Македонија стигна до израмнување, за тоа се погрижи Филип Алексовски во 86 минута.

Со овој нерешен резултат, Струга ја заврши победничката серија, имаше осум од осум досега, по 9. коло има прв нерешен меч сезонава.