ПМФЛ-ФОТО: Скопје и Брегалница без голови, но со два црвени картони

Скопје и Брегалница го комплетираа 8 коло во ПМФЛ, со резултат 0-0.

За екипата на Скопје ова беше прв нерешен резултат сезонава, со овој освоен бод остануваат на последната позиција на табелата.

Брегалница не успеа да ја оправда улогата на фаворит на средбата, на која ветеранот Даниел Мојсов заработи црвен картон, а во екипата на Скопје поцрвене Благоја Тодоровски.

ПМФЛ- 8 коло:

Скопје – Брегалница 0-0

Вчера:

Шкендија – Шкупи 0-0

Академија Пандев – Македонија ЃП 0-1

Работнички – Победа 1-0

Струга ТЛ – Тиквеш 2-0