ПМФЛ-ФОТОГАЛЕРИЈА: Шкупи и Силекс без голови, Шкендија губеше, па победи против Победа

Денес се комплетираше 9 коло во ПМФЛ, на дербито на Чаир, Шкупи и Силекс одиграа нерешено.

Шкупи не ја оправда фаворитската улога, а Силекс покажа дека има тим за врвот во ПМФЛ.

Шкендија запиша победа во Прилеп, иако домашната Победа поведе со голот на Ѓурковиќ, следуваше одговор на тетовчани.

Со головите на Дориев кој погоди двапати и Шаља кој запиша еден гол, Шкендија освои три бода.

Недела:

Тиквеш – Скопје 2-0

Шкупи – Силекс 0-0

Победа – Шкендија 1-3

Сабота:

Македонија ЃП – Струга ТЛ 1-1

Брегалница – Работнички 1-3