ПМФЛ: Македонија ЃП ја напаѓа Академија Пандев, борба за Европа

Денес се играат четири средби од 30 коло во ПМФЛ, дербито е во Ѓорче Петров каде Македонија го пречекува тимот на Академија Пандев.

Двете екипи се блиску на табелата, иако тимот од Струмица е во далеку подобра позиција во борбата за 2 и 3 место кои водат во квалификациите за Европа конференциска лига.

Бодовната разлика е 5 бода во корист на Академија Пандев, но до крајот има уште четири кола.

Македонија со триумф ќе се доближи до третото место, Академија Пандев со победа ќе направи голем чекор напред кон потврда на позицијата за Европа.

Дуелот започнува од 17 часот.

Македонија ЃП – Академија Пандев (17-00 ч.)

Пелистер-Тиквеш (17-00 ч.)

Ренова – Струга ТЛ (17-00 ч.)

Борец – Скопје (17-00 ч.)

Вчера:

Шкендија – Работнички 1-0

Брегалница – Шкупи 4-1

ФОТО: ФК МАКЕДОНИЈА ЃП