ПМФЛ: Одложени средбите на Шкупи и Шкендија од првото коло

Поради настапот во квалификациите за Европа лигата и Конференциската лига на УЕФА, одложени се средбите на Шкупи и Шкендија од првото коло во ПМФЛ кое се игра викендов.

Шкендија средбата со Скопје ќе ја одигра на 17 август, а Шкупи против Тиквеш на 7 септември.

Сезоната ќе започне со дуелот в сабота на 6 август, Струга Трим Лум ја пречекува Победа со почеток од 17.30 часот.

В недела во истиот термин Силекс ќе го пречека Работнички, додека Академија Пандев е домаќин на Брегалница Штип.

Ренова се откажа од настап во ПМФЛ, екипата на Македонија ЃП е слободна.