ПМФЛ: Одредени судиите за третото коло, дербито во Струмица за Игор Стојчевски од Скопје

Одредени се судиите за 3 коло во ПМФЛ, за дербито во Струмица, каде Академија Пандев ја пречекува Шкендија е одреден Игор Стојчевски од Скопје.

Третото коло го отвараат  Македонија ЃП и Победа. Натпреварот ќе го суди Јован Качевски од Струга.

Силекс го пречекува Скопје, со Крумислав Ѓорѓиев од Штип како главен судија. Струга ТЉ се среќава со Работнички  а Александар Грујоски од Кичево е главен судија, додека на мечот Тиквеш – Брегалница ќе суди Марјан Младеновски од Скопје.