ПМФЛ: Работнички ја пречекува Македонија ЃП, во Прилеп гостува Шкупи

Денеска се играат четири средби од  16 коло во ПМФЛ, Работнички е домаќин на Македонија ЃП, средбата се игра во Маџари на стадионот „Борис Трајковски“

Александар Страврев ќе биде главен судија на натпреварот, а ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески (сите од Скопје). Четврти судија е Ндерим Тефику од Куманово.

Шампионот Шкупи гостува во Прилеп кај Победа, додека Тиквеш  гостува кај Шкендија.

Недела- 13-00 час:

Работнички - Македонија ЃП

Скопје -Академија Пандев

Шкендија - Тиквеш

Победа - Шкупи

Вчера: 

Силекс - Струга ТЛ 1-2

ФОТО: ФК РАБОТНИЧКИ