ПМФЛ: Шкупи „наострен“ за победа против Силекс, во Прилеп гостува Шкендија

Денес се играат три средби од 9 коло во ПМФЛ, на „Чаир, шампионот Шкупи го пречекува Силекс, екипата од Кратово е хит на стартот на сезоната со четири победи, во моментот е на второто место.

Силекс на гости има по една победа, нерешено и пораз, тоа е секако предупредување за Шкупи, екипата од Кратово е незгоден гостин.

Шкупи од друга страна, дома нема пораз на трите средби, запиша две победи и еден нерешен меч.

Во Прилеп се очекува неизвесен меч, Шкендија е фаворит против Победа, додека во Кавадарци, Тиквеш е фаворит против Скопје.

ПМФЛ-9коло, 15 часот:


Недела:

Тиквеш – Скопје

Шкупи – Силекс

Победа – Шкендија

Сабота:

Македонија ЃП – Струга ТЛ 1-1

Брегалница – Работнички 1-3