ПМФЛ: Струга ТЛ сака девет од девет, Македонија ЃП го напаѓа рекордот на лидерот
Денес се играат две средби од 9 коло во ПМФЛ, дербито е во Ѓорче Петров, Македонија го пречекува лидерот Струга.
Струга е со неверојатна сетија од осум натпревари со осум победи, гол-разлика 18:2, а на гости сезонава нема примено гол!
Македонија ЃП сака да го прекине ефектот на Струга, тимот од скопската населба Ѓорче Петров запиша победа на последната прволигашка средба, а на домашен терен сезонава одигра три натпревари, има по една победа, нерешено и пораз.
Главен судија на дербито е Александар Ставрев.
Сабота - 15 часот:
Македонија ЃП – Струга ТЛ (Александар Ставрев, Скопје)
Брегалница – Работнички (Александар Грујоски, Кичево)
Недела:
Тиквеш – Скопје (Стојанче Стојанов, Штип)
Шкупи – Силекс: (Јован Качевски, Струга)
Победа – Шкендија ( Стојанче Трпчевски, Кавадарци)