Спорт // Спорт
ПМФЛ: Започнува новата сезона, Струга ТЛ ја пречекува мотивираната Победа
Со натпреварот Струга ТЛ - Победа на градскиот стадион во Струга, денес започнува новата сезона во ПМФЛ, ќе има 11 екипи, Ренова поради финансиски проблеми го откажа учеството.
Победа ќе патува како аутсајдер во Струга, а домашниот тим важи за фаворит, се засили со искусниот Бесарт Ибраими, потоа квалитетниот Гавазај од Косово, како и Јусуфи, Мерџани, Ќосевски и Укпа.
Победа Прилеп се враќа во елитата, сега многу мотивирана да остане во најквалитетното македонско фудбалско друштво.
Прилепчани беа активни на трансфер пазарот, го доведоа поранешниот македонски слекетор на клупата, Бобан Бабунски, а во тимот нови имиња се Делов, Коцев, Паноски, Хани, Ѓурковиќ, Рамани и Малас.
Судии за 1 коло:
Средбата во Струга се игра од 17-30 часот, а утре се играат натпреварите, Академија Пандев - Брегалница (пренос на Спортклуб) и Силекс - Работнички (пренос на МТВ).