По две децении љубов: Се разведува познатиот комичар Џим Белучи
Американскиот актер и комичар Џим Белучи поднесе барање за развод од
сопругата Џенифер Слоан по
две децении брак.
Понатаму е напишано дека актерот поднел барање за развод овој петок до Врховниот суд во Лос Анџелес, пишува TMZ.
Три години претходно, во март 2018 година, парот веќе поднел барање за развод поради непомирливи разлики. Џенифер го побара тоа тогаш, но сепак двојката остана во брак.
Во брак се од 1998 година, а имаат и две деца, ќерка Џејмисон (22) и син Герад (19).
И покрај долгогодишната брачна идила, доколку дојде до развод, ова ќе биде трет неуспешен брак на актерот. Од 1980 до 1988 година беше во брак со Сандра Давенпорт со која има син Роберт (38), и од 1990 до 1992 година со Марџори Бренсфилд.
Јавноста најмногу го памети Белучи по улогата во серијата „Светот на Џим“, но и по филмовите „Red Heat“ со Арнолд Шварценегер и „ Jingle All the Way“.
Фото: Tammie Arroyo/Press Association/PIXSELL