По „Медена земја“, Холивуд импресиониран од уште еден македонски проект

Виктор Ивановски, студент по анимација на  Sheridan College“, Канада е дел од екипата што работеше наанимираниот филм„The Fox and The Pigeon“ кој годинава ја освои престижната „ANNIE“ награда за најдобар студентски анимиран филм, на 47.то издание на манифестацијата „Annie awards“ во Лос Анџелес. Македонскиот студент Виктор, заедно со уште десет студенти ( Michelle Chua, Aileen Dewhurst, Sharon Gabriella, Sang Lee, Tyler Pacana, Kevin Sung, Morgan Thompson, Chelsea van Tol, Matt Waton and Steven Wang) од „Sheridan College“ работеа на реализација на филмот, при што Виктор е ко-режисер, а воедно е композитор и интерпретатор на музиката за филмот.

Анимираниот филм „The Fox and The Pigeon“ беше во трката за најдобар студентски филм во конкуренција од импозантен број анимирани филмови од целиот свет. „The Fox and The Pigeon“ доби позитивни стручни критики од светските експерти за анимација, а за неговата вредност зборува и фактот што покрај тоа што беше прикажан и наградуван на повеќе интернационални фестивали, филмот доби и специјална награда на реномираниот Интернационален фестивал за анимација во Отава, Канада.

Виктор Ивановски е студент на четврта година на Sheridan College“во Канада кој важи за еден од најпрестижните факултети во светот на полето на анимација. Тој е и првиот македонец што освоил ваква престижна награда за анимација. Како дипломец оваа година работи на неговиот завршен дипломски филм

ANNIE AWARDНајпрестижна награда за анимација

„ANNIE“е најпрестижната награда за анимација која се доделува еднаш годишно од 1972 година. Ја доделува ASIFA-Hollywood, подружница на Меѓународнaта асоцијација на анимирани филмови во Лос Анџелес.

А, како настанал филмот и прекрасната приказна можете да погледнете на следниот линк.

Исто така, во продолжение ви го претставуваме трејлерот на „The Fox and the pigeon“.

The Fox & The Pigeon - Trailer from OOV Studios on Vimeo.

Настанот и гламурот можете да ги видите на видеото од доделувањето на Annie awards (на 14 мин 22 сек):

47th Annual Annie Awards from Take One Productions, Inc. on Vimeo.