По мозочниот удар, не издржа: Почна Кралот на саксофонот Ферус Мустафов
ФОТО: Фејбук официјален профил Ферус Мустафов
Почина славниот музичар Ферус Мустафов. Веста за неговата смрт со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи. Семејството, пријателите и колегите се простуваат од него.
На почетокот на месецов внукот на Ферус за Женски магазин кажа дека состојбата на неговиот дедо е критична.
„Пред една недела доби мозочен удар, првите денови нормално функционираше, потоа го ставија на апарати“, кажа тогаш внукот на музичарот.
- Се молиме за неговото здравје, но последните прогнози говорат дека состојбата е многу критична. Доби мозочен удар на 26 април. Веднаш го однесоа во болница. Бев на пат и сакав да се вратам, но моите родители ми рекоа дека дедо ми е во болница, добар е и нормално функционира. Неговата состојба се влоши пред три дена. Докторите го ставија во вештачка кома. Им благодарам на сите кои ни даваат поддршка во овие тешки времиња за нашето семејство – изјави на почетокот на месецот Ферус Мустафов јуниор и дополнува дека музичарот пред една година го добил првиот мозочен удар.
-Брзо се опорави и им се врати на настапите. Беше здрав, во голема форма, пред да го добие вториот мозочен удар – кажа тогаш внукот кој тргна по стапките на својот славен дедо, и веќе има своја кариера.
Ферус Мустафов (роден на 20 декември 1950 година во Штип) — македонски кларинетист и саксофонист.
Мустафов е роден во Штип во ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. За тоа време, тој бил поканет да оди на турнеја со бенд предводен од Тома Чрчев, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од академското учење за да стане работен музичар.
По една година воена служба, за време на која тој ја воспоставил својата репутација играјќи на вечерни танци, тој се преселил во Сараево, Босна и Херцеговина, каде ја презел водечката улога во експлозијата на популарноста на народната музика што се случила таму во тоа време. Подоцна станал директор за музичко програмирање на ромски јазик за Радио Телевизија Скопје и се здобил со меѓународна публика преку изданијата на албумите на светските музички записи како што се Глобус Стил и Тропски. Настапувал во голем број земји во светот и снимил десетина албуми, главно со инструментални композиции.