Спорт // Спорт
По осми пат Меси ја освои Златната топка: Руши рекорди
Лионел Меси по осми пат ја освои Златната топка на „Франс фудбал“ за најдобар светски фудбалер. Аргентинецот до трофејот дојде, пред сè, поради освоеното Светско првенство во Катар, а во тековната година го освои и првенството на Франција со ПСЖ, како и Лига купот на Северна Америка со Интер Мајами.
Лионел Меси својата прва Златна топка ја освои во 2009 година како фудбалер на Барселона, а оваа за него веројатно ќе биде и последна. Осмиот трофеј е апсолутен рекорд кој тешко дека ќе биде надминат во блиска иднина.