По откажувањето од кралската титува, принцот Хари заплови во музичките води

Претходно оваа недела на самитот за екотуризам во Шкотска, војводата од Сасекс побара од домаќинот на настанот да го нарекува едноставно Хари, поради откажувањето од неговите официјални титули. Но, сега тој има нов прекар, рокерот Џон Бон Џови го нарече Хари „уметник порано познат како принц“.

Имено, Хари со Бон Џови, имаше сесија за снимање во легендарното студио Abbey Road Studios во Лондон, со синглот „Livin' on a Prayer“. Рок ѕвездата повторно ќе ја сними неговата песна „Unbroken“, со која ќе им оддаде почит на ветераните, заедно со членовите на хорот Invictus Games.

„Тој кажа да и се залепи сега, па ние го правиме тоа“ - рече Бон Џови за работењето на проектот со принцот Хари.

За да слушнете како принцот Хари се снајде во новата улога одете на Хаштаг.